Документи

2025-26 Годишна програма на училиштето

Додатна и дополнителна настава по предмети од VI-IX  одделение за месец декември 2019г

Воннаставна активност

По повод Денот на пролетта нашето училиште објавува креативен училиштен конкурс. Се однесува на сите наставни предмети(пролетта во корелација со наставните предмети).
Да цртаме, да твориме, да пееме, да истражуваме, да креираме, да се забавуваме

Воннаставна активност

По повод Денот на шегата нашето училиште објавува училиштен конкурс изработка на маски.
Да цртаме, да твориме, да пееме, да истражуваме, да креираме, да се забавуваме

Електронска библиотека

Учениците од VI до IX одделение кои ја користат платформата google classroom, кодот за да влезат во електронската библиотека е mfx4gx5

Воннаставна активност

23-ти Април- СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА
По тој повод Ве покануваме да го одбележиме со литературен конкурс.Темата е слободна односно можете да пишувате за: другарство, љубов , природа  или екологија.

План за реализација  на далечинско учење, односно учење од дома на ниво на училиште за месец април 2020г

Воннаставна активност: 24 мај Ден на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј‘‘ Тема: Учител , звучи ли тоа гордо?

Известување за совети:

Одделенски и наставнички совет за IX одд. на 10.6.2020 година.

Одделенски совет за I -VIII одд. на 11.6.2020 година.

Наставнички совет за I-IX одд. на 12.6.2020 година

Известување за родители/старатели

Согласно член 143 став 2 од Законот за основно образование доколку ученикот или родителот, односно старателот, не е задоволен од годишна оценка, родителот, односно старателот има право, во рок од три работни дена од денот на соопштувањето на успехот, да поднесе писмен приговор до наставничкиот совет на училиштето, кој треба да биде образложен. Наставничкиот совет за учениците од деветто одделение ќе се одржи на 10.06.2020г. (среда), а рокот за давање приговор е до 15.06.2020год. понеделник. Свидетелствата за завршено основно образование ќе бидат издадени најдоцна до 15.6.2020 год.
За сите други ученици (од прво до осмо одделение) наставничкиот совет ќе се одржи на 12.06.2020год. (петок), додека пак рокот за давање приговор е до 17.06.2020 год. среда. Родителите за успехот на нивните деца за крајот на учебната 2019/20год. Ќе бидат информирани од одделенските раководители и раководителите на паралелките по
завршување на Наставничките совети.

Известување

Согласно препораките на МОН, во врска со датум за подигнувањето на свидетелствата за завршено одделение препорачува свидетелствата на учениците од прво одделение до осмо одделение, (освен за учениците од 9 одделение), да ги поделиме на почетокот на месец септември, освен за учениците кои имаат потреба од нивно издавање во овој период од оправдани причини (заради префрлање во друго училиште, преселба итн).

Оваа препорака Министерството за образование и наука ја дава заради моменталната состојба со пандемијата КОВИД-19, во насока на заштита за здравјето на учениците, вработените во училиштата и поширокото население.

Грижа за здравјето уч. 2020/21

https://drive.google.com/drive/folders/1Z7Bi6m7vy0eUy-HEJTSXW9TMnZNvNrAa