Обуки

На 6.11.2025 во нашето училиште се одржа обука и работилница за наставници од страна на Lead – Заедница за развој и вмрежување на која наставниците се запознаа со алатките за подобрување на наставниот процес. Многу позитивни примери на добра пракса беа споделени и испробани од самите наставници во текот на работилницата, Обучувач беше Иван Јованов- едукатор и фасилитатор, кој вешто го предаде знаењето за креативна употреба на алатките на вештачката интелигенција за образовни цели.

Благодарност до LEAD- Leaders for Education, Activism and Development што нè вклучи во програмата.