Уписот за првачиња во нашето училиште ќе се врши секој работен ден во периодот од 08:00 до 15:30 ч. (по претходно закажан термин на тел. број 078 200-271) .
Согласно Законот за основно образование им се соопштува на сите родители/старатели на идните првачиња од с. Драчево дека ООУ,, Св. Климент Охридски“ с. Драчево, ќе започне со запишување на идни ученици во I (прво) одделение за учебната 2022/2023 година.
Во прво одделение ќе се запишуваат деца родени во 2016 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години.
Во прво одделение може да се запишат и деца родени до 31.01.2017 година по претходно барање на родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
Потребни документи:
-Извод од матична книга на родените – фотокопија
-Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа
-Потврда од стоматолошки преглед издадена од стоматолошката амбуланта во Поликлиника – Драчево
-Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
-Лична карта на еден од родителите (на увид)
-При запишување на дете со попреченост родителот/старателот е должен да достави и мислење од Комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
Уписот почнува од 3.5.2022 год. и ќе трае до 31.5.2022 год.секој работен ден во периодот од 8.00 до 15.30 часот со претходно закажан термин кај стручната служба.
