На 4.10.2019 во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Драчево, во општина Кисела Вода се одржа свечена програма по повод Светскиот ден на учителите.
На манифестацијата и важноста на одбележувањето на 5 Октомври, Светскиот ден на учителите пред големиот број присутни говореа градоначалникот Филип Темелковски, директорката на училиштето, Татјана Бурник, заменик-министерката Елизабета Наумовска и претседателката на Сојузот на просветни работници, Лидија Николовска- Георгиевска.
На крајот на манифестацијата секретарот на Сојузот на просветни работници на Република Северна Македонија, проф. Раско Лозаноски ја прочита одлуката на претседателството на Сојузот, за доделување на благодарници и признанија на најуспешните наставници меѓу кои и Биљана Илиева наставник по биологија во ООУ „Св. Климент Охридски“ и од сите други државни училишта. Дел од наградите обезбеди познатиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин.





















