УПАТСТВА за наставата – учењето од дома

Распоредот за предметна  настава се применува и при реализација на далечинското учење, односно учењето од дома со флексибилно време на задавање и извршување на активностите. Часовите за одделенската заедница(одделенсите часови, Жиботни вештини) се предвидени за поддршка на учениците и родителите при далечинското учење, односно учењето од дома и се реализираат со Тимот за поддршка (директор, психолог, педагог, одд. раководител и предметниот наставник по информатика). За време на далечинското учење(учење од дома)  наставниците им задаваат на учениците број на активности согласно распоредот на часови за предметна настава на неделно ниво. Активностите ги задаваат еднаш, два или три пати во текот на неделата на претходно договорена платформа. Учениците самостојно ја организираат својата работа во предвидените термини зададени од наставниците во  текот на неделата и им ги доставуваат изработките на наставниците. Комуникацијата меѓу учениците-предметните наставници-родителите-стручна служба-одделенскиот раководител- се реализира постојано без прекини преку различни комуникациски форми. Учениците поставуваат дополнителни прашања за активностите и добиваат соодветни упатства и повратни информации за сработените домашни задачи.

Учениците можат да користат е-библиотека на google classroom. 

За учениците се предвидени и воннаставни активности.