Креативна работилница на тема „ Како се справувам со Ковид -19 кризата ?“ Изработки од председателите на паралелките- членови на Ученичкиот парламент. Им благодариме на учениците за креативните творби. Им посакуваме што побрзо да творат во училишните клупи. Одговорни: Валентина Терзиева,Јаворка Паскоска, Елена Петрушевска и Дејан Стоимановски

Известување за начинот на информирање на родителите/старателите за постигнатиот успех во третиот класификационен период. Родителите/старателите ќе бидат информирани за постигнатиот успех во третиот класификационен период преку евидентни листи од страна на одд.раководители користејќи ги средствата за електронска комуникација и преку е-дневник најдоцна до 14.4.2020г.

Известување за начинот на реализација на одделенските совети и наставничкиот совет: Одделенските совети беа реализирани по пат на видео конференција во следниве термини: -одделенска настава на 7.4.2020г. – 13: 00 часот – предметна настава на 8.4.2020 г. – 13: 00 часот. -наставничкиот совет на 9.4.2020г. – 13:00 часот по пат на видео конференција.

Распоред за одделенска настава

Распоредот за одделенска настава се применува и при реализација на далечинското учење, односно учењето од дома со флексибилно време на задавање и извршување на активностите. Часовите за одделенската заедница(одделенсите часови) се предвидени за поддршка на учениците и родителите при далечинското учење, Read More …

УПАТСТВА за наставата – учењето од дома

Распоредот за предметна  настава се применува и при реализација на далечинското учење, односно учењето од дома со флексибилно време на задавање и извршување на активностите. Часовите за одделенската заедница(одделенсите часови, Жиботни вештини) се предвидени за поддршка на учениците и родителите Read More …

Општинскиот натпревар по биологија

Резултати од општинскиот натпревар по биологија – Ментор Биљана Илиева 7 одделение Исидора Стефаноска – пофалница Борјан Стојчевски – пофалница Ѓорѓи Пецевски – пофалница Иван Николовски – учество 9 одделение Петар Велковски – 3 награда Ема Трајчевска – учество Христијан Трпчевски – учество Лука Стефаноски – учество  

Општинскиот натпревар по природни науки

Официјални резултати од општинскиот натпревар по природни науки :IV -1 одд. Ментор Билјана Петрушевска Теона Пецевска – 2 наградаСандра Цветковска – пофалницаIV-2 одд. Ментор Анета ГеоргиеваМатеј Велевски – пласман на регионален натпревар Филип Тодороски – учество  V одд. Ментор Биљана Илиева Дарин Јукиќ Read More …

Училиште за 21 век

Примена на критичко размислување и одбележување на „Неделата на информатиката“ во нашето училиште се одржа интересен час-  Escape room ( Соба за бегство) во корелација на предметите биологија и информатика. Ментори на часот беа наставниците Биљана Илиева и Снежана Проковиќ. Тема Read More …

На 19.2.2020 во нашето училиште се одржа шаховски турнир на кој учество земаа 35 ученика ид 1 до 9 одд.Од нив се селектираа 12 ученика кои ќе го претставуваат нашето училиште во понатамошните екипни натпревари натпревари (1-5 одд Стефан Дојчиновски,Константин Коларовски,Горјан Петковски,Филип Тодороски,6-7 одд Борјан Стојчевски,Иван Николовски,Петар Китановски,Антонио Јорданов и 8-9 одд Матеј Веселиновски,Давид Трајковски,Христијан Цветковски,Андреј Левков,по возрасни категории)

На 20.2.2020 во општина К.Вода се одржа поединечно првенство во шах.Од нашето училиште учество земаа Матеј Веселиновски,Давид Трајковски и Андреј Левков- категорија 8-9 одд.Борјан Стојчевски-категорија 6-7 одд.Стефан Дојчиновски-категорија 1-5 одд.Сите ученици се покажаа во добро светло,а надобри резултати постигнаа Матеј В.со освоено 4 место и Стефан Д.кој освои 2 место(имаше ист скор како првопласираниот) и си доби диплома и медал.