На ден 31.10.2019 год. психологот Јаворка Паскоска и педагогот Елена Петрушевска, одржаа работилница со група ученици од VIII и IX одд. на тема „Најголемиот час – за секое дете сите права“.Работилницата беше реализирана по повод 30 години од Конвенцијата за првата на децата од страна на Обединетите нации.Оваа активност е составен дел на програмата на Ученичкиот парламент, во истата беа вклучени и одговорните наставници Валентина Терзиева и Ирена Рикалоска. Учениците работеа во групи на следните теми:1. Право на образование;2. Право на здравствена заштита, здрва храна и чист воздух;3. Право на игра и недискриминација.








