Упис на првачиња уч.2021-2022

 Децата кои до 31.01.2022 г. ќе наполнат 6 години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот и мислење на училишниот  педагог или  психолог.  

Потребната докуменатција за упис може да се достави и по електронски пат  на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/. Оваа апликација  ќе биде достапна од01.05.2021 год.

За запишување потребно е задолжително да  дојде детето со родителот / старателот и да ги донесе следниве документи:

1. Извод од матична книга на родени – фотокопија (без разлика на датумот на издавање);

2. Потврда за примени задолжителни вакцини издадени од надлежна здравствена установа;

3. Потврда од стоматолошки преглед  издадена од стоматолошка амбуланта  во Поликлиника –  Драчево.

4.Потврда од офталмолошки ( очно ) преглед издадена од надлежна институција;

5. При запишување на дете со попреченост родителот/старателот е должен  да достави и мислењ еод комисијата за проценка на деца и младиници за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ;

6.Лична карта на еден од родителите ( на увид).

 Уписот трае од 4.5.2021 г.  до 31.5.2021 г.                                                                                                    Запишувањето  го врши комисија формирана од директорот. Уписот се врши во период  од  09:00 до 13:00 ч. ( со претходно закажан термин кај стручна служба на тел. број 078/200-271 секој  работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *