Децата кои до 31.01.2022 г. ќе наполнат 6 години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот и мислење на училишниот педагог или психолог.
Потребната докуменатција за упис може да се достави и по електронски пат на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/. Оваа апликација ќе биде достапна од01.05.2021 год.
За запишување потребно е задолжително да дојде детето со родителот / старателот и да ги донесе следниве документи:
1. Извод од матична книга на родени – фотокопија (без разлика на датумот на издавање);
2. Потврда за примени задолжителни вакцини издадени од надлежна здравствена установа;
3. Потврда од стоматолошки преглед издадена од стоматолошка амбуланта во Поликлиника – Драчево.
4.Потврда од офталмолошки ( очно ) преглед издадена од надлежна институција;
5. При запишување на дете со попреченост родителот/старателот е должен да достави и мислењ еод комисијата за проценка на деца и младиници за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ;
6.Лична карта на еден од родителите ( на увид).
Уписот трае од 4.5.2021 г. до 31.5.2021 г. Запишувањето го врши комисија формирана од директорот. Уписот се врши во период од 09:00 до 13:00 ч. ( со претходно закажан термин кај стручна служба на тел. број 078/200-271 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
