Општински натпревар ,,Млади библиотекари”

На 25.10.2019 год. во Градската библиотека ,,Браќа Миладиновци”- Скопје се одржа ХХ Општински натпревар ,,Млади библиотекари”. Од нашето училиште учествуваа ученичките: Ема Трајчевска IX 1 одд., Сара Стоева IX 1 одд. и Михаела Тодорова IX 1 одд., под менторство на библиотекарот Виолета Трпевска. Сите три ученички покажаа одлични резултати, а Сара Стоева го освои првото место со што се пласираше за учество на државниот натпревар, кој ќе одржи на 15.11.2019 год.